ВИДЕО: На Газиместан уапсен црногорски државјанин кој славел Видовден, Подгорица бара објаснување

Од:

Косовската полиција денеска уапси црногорски државјанин за време на одбележувањето на празникот Видовден на споменикот Газиместан кај Приштина, под сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување раздор и нетрпеливост“.

Според медиумите, дошло до инцидент кога полицијата се обидела да претресе српска калуѓерка, која била дел од црковната делегација на одбележувањето, на споменикот, кој се наоѓа во близина на местото на кое се случила Косовската битка. Уапсениот човек наводно се спротивставил на претресот на монахињата, по што бил уапсен. Косовската полиција, пак, соопшти дека апсењето било поради тоа што тој, меѓу другото, „пеел провокативни песни“.

Српската државна телевизија објави дека неколку илјади граѓани се собрале на Газиместан на прославата на Видовден, како и дека косовската полиција ги запирала возилата и им ги одземала српските обележја на собраните луѓе. Според РТС, човекот бил приведен поради тоа што на полицајците им укажал дека нема потреба да ја претресуваат калуѓерката.

На веста од Приштина реагираше црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, кој побара објаснување од косовските власти – дали и зошто е уапсен црногорски државјанин.

„Медиумите објавуваат снимка на која силите на КПС, со примена на сила, апсат млад човек, за кого пишуваат дека е од Подгорица. Од приштинските власти бараме да ни соопшта дали и зошто го уапсиле нашиот државјанин, како и, доколку не е сторител на кривично дело, веднаш да биде ослободен“, изјави Кривокапиќ.

Од косовската полиција исто така соопштија дека спречиле „провокации со српски знамиња и маички“ и дека заплениле неколку ножеви и железен боксирач, по што се отворени случаи во врска со „нелегално поседување оружје“ и „нарушување на јавниот ред и мир“.

Според информациите од косовската полиција, на Газиместан денеска присуствувале околу 2.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Уапсен е заменикот на Шојгу, осомничен е дека примил поткуп

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он