ВИДЕО: Мило, лопове

Од:

Во Плевља вечерва кошаркарскиот терен е исфарбан во боите на српското знаме. Лидерот на Вистинска Црна Гора, Марко Милачиќ го објави видеото од теренот.

-Величествената тробојка само што беше завршена во Плевља. Браво фамилија, ја објави Милачиќ снимката на својот Твитер налог.
Додека во Подгорица се одржува протест на кој се бара оставка од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на снимката се слуша како од овој терен му пеат песна „Мило лопове“.

Работите излегоа од контрола во Црна Гора по донесувањето на законот за вероисповед, а со кој државата се прогласи за сопственик на сиот имот кој го поедува СПЦ во Црна Гора. Протестите за поддршка на Српската православна црква за брзо време се претворија во протести и барање за правата на српското малцинство во Црна Гора. Со таа цел секојдневно се означува територијата со српската тробојка низ цела Црна Гора, а полицијата врши претреси и апсења, но засега тоа не дава резултати.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора