Поранешниот лидер на таканаречената ОВК и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи денеска се изјасни за невин по сите точки од обвинението.
За Тачи и за другите лидери на т.н ОВК денеска почна судењето пред Специјализираните совети за Косово во Хаг.
Го разбирам обвинението, и целосно не сум виновен“, рече Тачи пред судијата.
Судењето на поранешните водачи на таканаречената ОВК, Хашим Тачи, Кадрије Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, почна денеска со воведниот збор на Обвинителството пред Специјализираните совети на Косово.
Хашим Тачи се соочува со 10 обвиненија за периодот од 1998 и 1999 година.
А Весељи изјави дека не го прифаќа обвинителниот акт, како и дека не се согласува со одложување на судењето за две години, како и дека не е виновен по ниту една точка од обвинението.
Сељими изјави дека го разбира обвинението и останува на неговата претходна изјава дека не е виновен по ниту една точка од обвинението. Красниќи изјави дека тоа нема никаква врска со ниту една точка од обвинението, како и дека го разбира обвинителниот акт таков каков што е, но не се согласува со него и не го прифаќа.
Претседавачот Смит го информираше обвинетите за нивните права, обврски и мерки предвидени според Правилото 62.
Тој, исто така, ги потсети дека на заштитените сведоци мора да им се обраќаат со прекарот даден во постапката и дека не смее да се објавува никакво име на заштитениот сведок.