(ВИДЕО) Хаос во Собранието на Србија, обезбедувањето исфрли опозициски пратеник

Од:

Атмосфера на ивица на тепачка во Собранието на Србија, на која се расправаше за буџетот.

„Вие сте најобични кукавици, ништо повеќе, тоа сте биле и ќе останете“, вака синоќа на пратениците од Демократската странка, им се обрати премиерот Александар Вучиќ.

Им порача дека немале храброст да ги направат тешките реформи.

На претседавачот му рече да ги остави да дофрлаат, затоа што така полесно ќе мисли, а дека дошол на седницата бидејќи пратениците од ДС се заканувале, а тој не се плаши.

„За разлика од вас господине Стефановиќ, јас имам други особини. Со шест проценти гласови, би се срамел да држам власт, а вие држите власт со тие 6%“, рече Вучиќ, мислејќи на војводинскиот парламент.

„Вие покажавте висок степен на нервоза, бес, примитивизам и простаклук. Ниту еден претседател на Влада вака не разговарал со пратеници“, му одговори Стефановиќ.

Игор Бечиќ, кој претседаваше со седницата не му дозволи реплика на Живковиќ, по што овој му довикна дека е стока.

Бечиќ со полициско обезбедување го исфрли Стефановиќ од салата.

„Неколку пати барав и не добив збор за да му одговорам на Вучиќ, а овој што претседаваше, овој кондуктер, не знам од каде е дојден, рече дека јас кафеански сум се однесувал. Вучиќ не знам од кај дојде. Би било интересно, пред тоа да минише алко-тест или тест за дрога. Тој со најгрди зборови и се обраќаше на опозицијата“, рече Стефановиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија