ВИДЕО: Големи поплави во Босна, стотици куќи под вода

Од:

Стотици објекти се поплавени од вчера попладне по излевањето на неколку реки во североисточна Босна, а новите грижи создаваат најавите за нови врнежи денеска.

Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти. Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро.

Се урнаа неколку објекти на фарми, додека поплавите однесоа неколку автомобили. Тамошните власти прогласија состојба на природна катастрофа.

Обилните врнежи од дожд и порои предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде што беа поплавени голем број објекти. Во Зворник на истокот на земјата поплавени се големи земјоделски површини, соопштија локалните власти.

Немир меѓу граѓаните и локалните власти праватнајавите на метеоролозите за денеска за нови обилни врнежи во подрачјето на североисточна Босна.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски