ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Од:

Во вооружена престрелка пред ноќен клуб во Бијеина, БиХ, синоќа околу полноќ е убиен полициски инспектор, соопштија локалните медиуми.

Од полицијата наведуваат дека синоќа во Бјелина со огнено оружје бил застрелан полицискиот службеник Ненад Марковиќ, кој од здобиените повреди починал.

Во рамки на истрагата утрово се уапсени четири лица. Според сознанијата на босанските медиуми, како главен осомничен за убиството на полицискиот инспектор е уапсен син на пратеник во Собранието на БиХ.

Според неофицијални информации, уапсен е Никола Кокановиќ, син на Зоран Кокановиќ, член на Социјалистичката партија и пратеник, објави АТВ.

Како што дознава АТВ, осомничениот и убиениот полициски инспектор не биле во конфликт.

Никола Кокановиќ и е познат на полицијата поради поврзаност со повеќе инциденти. Тој во 2021 година беше обвинет дека поставил експлозивна направа во кафеана и запалил автомобил.

Неофицијално се дознава дека Марковиќ бил застрелан во моментот кога го напуштал ноќниот клубот. Во престрелката е ранет припадник на обезбедувањето. Убиениот Ненад Марковиќ работел како инспектор во Полициската станица 2 во Бјелина.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

„Ми се јави да слушам како вреска“ – тетката на убиената Низама ги откри најстрашните детали досега