АУДИО: Ѓукановиќ и Марковиќ жртви на руски комичари кои лажно им се претставиле

Од:

Претседателот на црногорската Влада Душко Марковиќ и претседателот на владејачката демократска партија на социјалисти (ДПС) Мило Ѓукановиќ беа цел на руските комичари Лексус и Вован, кои во телефонски разговор се претставиле како претседателот на Украина Петро Порошенко, односно премиерот Владимир Гројсман, при што разговарале за „црногорско-украинските односи“, „членството на Црна Гора во НАТО“, но и за „проруската опозиција“ во Црна Гора.

Ѓукановиќ во разговорот ветил дека ќе помогне да се реши проблемот со фабриката за чоколадо, а Марковиќ најмногу време потрошил за членството на Црна Гора во НАТО.

– Нашиот претседател на партијата изнесе обвиненија против лидерот на движењето против НАТО и кај нас ќе се води многу сериозен процес за тоа. Ние ќе сториме се за никој веќе да нема можност да направи што и да е против интересите на Црна Гора, изјавил Марковиќ во разговорот со комичарите.

Иако лажното претставување успеало, сепак шегата суштински не вродила со плод: И Марковиќ и Ѓукановиќ во разговорите со „украинските колеги“ ги повториле државните и партиските ставови и оценките кои јавно ги застапуваат и зборуваат на домашната и меѓународната сцена, пренесуваат подгоричките медиуми.

Инаку, Лексус (Алексеј Стољаров) и Вован (Владимир Кузњецов) се познати по тоа што повикуваат високи светски државници и лажно се претставуваат.

„Руските шегаџии“, кои претседателот на Русија со симпатија ги нарече „телефонски момци“, и кои за чудо, поседуваат големи технички способности и имаат пристап до доверливи информации, во последно време се пробаа во телефонски разговори со претседателот на Турција Реџеп таип Ердоган, американскиот сенатор Џон Мекејн и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. За секој од овие разговори избран е вистинскиот момент. Со Мекејн кога најмногу ја критикуваше политиката на Русија, а со Столтенберг кога НАТО ги дефинираше своите односи со новата американска администрација, велат од ДПС.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора