(ВИДЕО) Црна Гора: Верниците маваат со камења, полицијата враќа со солзавец

Од:

На повеќе места во Црна Гора и вечерва се одржани протести поради усвојувањето на спорниот Закон за слобода на вероисповеста за кој критичарите сметаат дека е донесен против Српската православна црква.

Полицијата во Андријевица спречи да дојде до инцидент, кога џип се упати кон демонстрантите кои преминуваа на пешачки премин.

Управата на полицијата на Црна Гора соопшти дека вечерва граѓаните кои го блокирале кружниот тек кон аеродромот во Подгорица, со камења ја мавале полицијата и дека еден полицаец е повреден во пределот на главата. Од полицијата предупредија дека за вакви инциденти во иднина ќе одговараат организаторите на овие активности, вклучувајќи ги и свештениците на СПЦ.

– Полициската патрола вечерва околу 19 часот забележа група граѓани кои сомнително се однесуваа и кога се обиде да ги легитимира, тие одбија тоа да го направат и почна да фрлаат со камења кон полицијата и возилото, се наведува во соопштението на црногорската полиција.

Освен едниот полицаец погоден во главата, повредени се уште три полицајци на различни делови на телото.
Според медиумите, полицијата во Подгорица употребила и солзавец за да ги растера демонстрантите. Собири и протести имаше низ цела Црна Гора, во повеќе градови.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора