ВИДЕО: Бугарски политичари изнајмувале жиголо, а не плаќале, тој пред камери им ги побара парите

Од:

Бугарски пратеници, министри, високи функционери на полицијата ги користеле услугите на жиголото или, како што сака да се нарекува, машки ескорт Јордан Јорданов. Меѓу нив и градоначалникот на Свиштов, од редовите на ГЕРБ, Генчо Генчев, но и советник во општината, кој се соочи со жиголото кој дојде со телевизиска екипа да си ги бара парите што не ги добил.

-Не сте си ги платиле сексуалните услуги. Еве сте гол во хотелската соба. Така ли треба да изгледа еден лекар и општински советник? Зошто бегате, ќе си платите ли за сексуалната услуга, трчаат кон него новинарот и жиголото, додека советникот бега прво низ ходниците на општината, а потоа и низ улиците на Свиштов.

Еден од редовните клиенти, според жиголото,  бил актуелниот градоначалник на Свиштов, од партијата на Бојко Борисов.

-Пред две години имавме сексуални односи, беше платено како за секој нормален клиент. Си завршив работа како што треба да се заврши ама тој не ми плати колку што бевме договорени. Имаше и втора и трета средба. Првиот пат беше договорената цена, дури третиот пат почнавме да не се разбираме финансиски, рече Јорданов.

Тој кажа и дека бил пријавен во полиција дека врши изнуда и уцена, но вели дека само си ги барал парите за услугата.

-Се води дело за мене за рекетирање, да. Кога почна нашето недоразбирање од финансиска гледна точка тој поднесе пријава дека сум го изнудувал и бев задржан 24 часа. Пред 6 години почнав со сексуални услуги, сакам повисок стандард на живот, вели Јорданов.

На неговата листа на услуги се вели дека има многу пратеници, началници на МВР, министри, високи функционери, кои плаќале за секс со него, односно за неговата активна улога.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит