Венизелос: Атина ја поддржува евроатлантската интеграција на Западен Балкан

Од:

Грција цврсто jа поддржува евроатлантската интеграција на Западен Балкан и политиката на отворени врати на Алијансата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, ова денеска го изјави грчкиот министер зa надворешни работи Евангелос Венизелос на состанокот на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот исток на Парламентарното собрание на НАТО и Подкомитетот за Партнерство.

– Но, јасно е дека секоја кандидатура мора да се оценува поединечно, врз основа на постигнувањата на секоја земја кандидат, и базирано на критериумите и условите кои се поставени од Алијансата, рече Венизелос.

Оваа изјава на шефот на грчката дипломатија е очигледна порака до Македонија со оглед на тоа што официјална Атина ги употребува истите зборови секогаш кога станува збор за евроатлантските интеграции на нашата земја.

Тоа, исто така, значи дека Грција не планира да отстапи од своите црвени линии во врска со името, ниту да дозволи Македонија да продолжи по патот на своите евроатлански интеграции без да се реши прашањето за името, иако тоа од неа веќе го побараа неколку европски партнери.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески