„Вечерње новости“: Брисел има серија нови барања за Белград

Од:

Брисел се подготвува да му врачи на Белград серија нови барања во рамки на Поглавјето 31 од преговарачкиот процес, кое се однесува на надворешната политика и безбедност и повеќето од тие барања се неприфатливи за Србија, тврди белградскиот весникот „Вечерње новости“.

Во извештајот за скрининг во таа област, изготвен од ЕУ, според информации на весникотм од Србија се бараат три основни работи – да се приклучи кон санкциите и рестриктивните мери на ЕУ, да ги координира со Брисел чекорите во многубројни меѓународни институции и особено во Обединетите нации и Организацијата за безбедност и соработка во Европа и да изврши ревизија на Стратегијата за национална безбедност и Стратегијата за одбрана, особено во делот, што се однесува на Косово и врските со Русија и Република Српска.

– Трн во око на Брисел се документите усвоени во Србија во 2009 година, во кои е ставен преголем акцент на Косово, како најголемата закана за безбедноста на Србија, пишува весникот. – Им пречи и одлуката за развивање специјални односи со Москва, како и развивањето специјални врски со Република Српска, продлабочување на односите со Кина, Индија, Бразил и неврзаните држави, додава весникот.

ЕУ бара тие стратешки документи да бидат итно усогласени со глобалната стратегија на надворешната политика и политиката на безбедност на ЕУ, усвоени во јуни  и во нив да се посочи членството во ЕУ како најважна надворешно политичка цел.

Во рамки на главата 31 од Србија се бара и да ги ратификува дополнителните протоколи во врска со ширењето на нуклеарното оружје. Според весникот, од Србија себара и да се согласи целосно со правилата на ЕУ за ивоз на воена технологија и опрема.

– Поради сите овие услови во овој момент за Белград не е поволно да го отвори ова поглавје од преговорите, заклучува весникот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов