УНХЦР: Состојбата со бегалците во Бугарија повеќе не е вонредна

Од:

Состојбата со бегалците кои пристигнуваат во Бугарија од реоните на воените конфликти на Блискиот Исток и во централна Азија, повеќе не е вонредна, изјави во видеоинтервју за БТА портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), Борис Чеширов.

– Капацитетите на Бугарија за прием на бегалци во последнава година и половина се зголемени петтократно и земјата има услови за прием на уште бегалци, нагласи Чеширов.

Тој сепак истакна дека бугарската Државна агенција за бегалци нема доволно средства за да им пружо подеднакви услови на сите бегалци.

Осврнувајќи се на предлогот на Европската комисија се прерспределба на бегалците што пристигнале во ЕУ по квоти во секоја од земјите-членки на Унијата, Чеширов нагалси дека според овој критерум Бугарија би требало да прими 788 бегалци и за секој од нив ќе добие помош во висина од 6.000 евра.

– Треба да се најде решение за прашањето дали овие средства ќе можат да бидат искористени и за бегалците кои во моментов се наоѓаат во земјата, дополни Чеширов.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори