Укината мониторинг мисијата на ПССЕ во Црна Гора

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа на завршната пленарна седница во Стразбур ја укина Мониторинг мисијата во Црна Гора, со цел да се овозможи почеток на постмониторинг дијалогот во светло на напредокот на земјата на европскиот пат од 2012 година.

Врз основа на извештајот на известувачот за Црна Гора, Ким Саси и коизвестувачот Тери Лејден парламентарците ја нагласија одличната соработка на Црна Гора со институциите на СЕ, особено со Венецијанската комисија, како и нејзиниот труд во процесот на европските интеграции.

ПССЕ особено ги поздрави чекорите, кои ги прави Црна Гора во борбата против дискриминацијата, како и во интеграцијата на раселените.

Во резолуцијата се наведува дека Црна Гора ќе биде вратена во процесот на мониторингот, доколку до крајот на 2017 година не ги заврши реформите, особено во областа на изборниот процес, независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и напредокот во слободата на медиумите.

Укинувањето на Мониторинг мисијата во Црна Гора беше најавено на почетокот на декември минатата година, откако државата доби позитивни оценки во годишниот извештај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски