Туск: Излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде катастрофално сценарио

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во интервју за неколку европски весници предупредува дека „излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде катастрофално глупаво сценарио, што треба да се избегне, соопштува грчкиот сајт њуз.ин.

Туск кажува дека во европската историја „ по грешка се случиле многу нешта и дека дури и Првата светска војна била резултат на недоразбирања, инциденти и идиотски телефонски разговори“.

Туск за германскиот весник „Зидојче цајтунг“, за британскиот „Гардиан“ и за шпанскиот „Паис“, подвлече дека  „Грција треба да остане во еврозоната и ЕУ да остане единствена“.

Останувањето на Грција во монетарната унија не е само финансиско прашање, туку на него треба да се погледне и од геополитички аспект, рече уште претседателот на Европскиот совет.

По повод заострувањето на тонот во односите меѓу Атина и Берлин Туск препорачува воздржаност. Самиот вели дека не верува дека Грците биле малтретирани, но знае дека тие се чувствуваат така. Тој признава дека се чувствува изнервиран од некои коментари на Атина.

-Ги разбирам германските политичари затоа што многупати тие беа главните цели на овие коментари, дополни претседателот на Европскиот совет. 

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески