Турција и Грција ги продолжија техничките преговори запрени пред четири и пол години

Од:

Денеска во Истанбул се одржа 61-та рунда технички преговори меѓу делегациите на Република Турција и Грција, јави агенцијата Анадолија.

Тема на преговорите беше согледување на актуелната ситуација во регионот, како и можните потези во светло на последните случувања.

Делегациите постигнаа договор следната рунда разговори за отворените билатерални прашања да биде организирана во главниот град на Грција, Атина.

Меѓу членовите на турската делегација беше заменик министерот за надворешни работи на Турција, Серат Унал, и портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

Калин на Твитер објави дека во Истанбул продолжиле техничките преговори кои не се одржуваа изминатите четири и пол години.

– Сите проблеми можат да се решат, вклучително и оние во Егејското Море, со силното лидерство на нашиот претседател. Во целост сме определени за тоа, напиша Калин.

Тој исто така порача дека регионалниот мир и стабилност се во интерес на сите, додава Анадолија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица