Тројца пензионирани генерали од српската армија приведени поради злоупотреби

Од:

Тројца пензионирани генерали од српската армија се приведени во најстрога тајност кон средината на минатиот месец, под сомнение за злоупотреби, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“.

Според весникот, приведени се некогашните први луѓе на Управата за врски на Генералштабот на српската војска, пензионираните генерали Радивој Вукобрадовиќ и Милан Станимировиќ, а уште еден генерал, чие име не е наведено, набргу е ослободен „поради кооперативност“.

Тие се осомничени дека со одлуките во врска со доставките на нови системи за комуникација во 2006 и 2007 година ја оштетиле српската армија и државата за 80 милиони долари.

Прашањето било разгледано од Советот за национална безбедност и случајот наскоро треба да биде доставен пред суд.

Во 2006 и 2007 година Министерството за одбрана организирало два тендери за доставка на опрема за новите системи за комуникации. Тендерот за доставување на радиосистеми во вредност од 5.358.180 евра го доби француската фирма „Талес“. Оваа компанја го добила и тендерот за доставка на комуникациски систем во вредност од 12.886.730 евра и покрај оценката на експертската комисија дека нејзината понуда била понеповолна од понудите на израелската „Тадиран“ и норвешката „Консберг“, пишува весникот.

„Вечерње новости“ посочува дека победата на „Талес“ над „Консберг“ се поврзува неофицијално со името на Илија Пилиповиќ, помошник и кум на тогашниот министер за одбрана Драган Шутановац од Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија