„Трибуна“: Пролонгирана примената на Договорот од Брисел

Од:

Примената на договорот меѓу Косово и Србија, кој е потпишан во Брисел, привремено е одложена и до есен нема да има расформирање на паралелните структури и формирање на нови судови, објави приштинскиот дневен весник „Трибуна“.

Весникот наведува дека привременото одлагање е поради реконструкција на српската Влада, годишните одмори, како и проблемите во Косово со Законот за амнестија и непостигнувањето на договор за енергетика и телекомуникации.

„Трибуна“ наведува дека се очекува претставниците на Европската унија кои посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина до 8 август да одлучат дали ќе има средба на техничко ниво пред премиерската средба што е закажана на 28 август.

Весникот наведува дека премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ на средбата ќе разговараат за расформирање на паралелените структури во полицијата и во правосудството.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски