Три партии ќе ја формираат новата влада на Словенија

Од:

Новата словенечка влада предводена од Миро Церар ќе ја сочинуваат три политчки партии, кои на предвремените парламентарни избори на 13 јули заедно освоија 52 места во 90-члениот Парламент на Словенија.

Како што јавија денеска словенечките медиуми, новата владина коалиција во Љубљана ќе ја сочинуват Партијата на Миро Церар (СМЦ), Демократската партија на пензионерите на Слованија (ДЕСУС) и Социјалните демократи (СД).

Во текот на преговорите за формирање на владата се споменуваше можноста во неа да учествува и Алијансата на актуелната премиерка Аленка Братушек – ЗААБ, но Церар реши да не и понуди места во владиниот кабинет.

Церар најави дека новата влада најверјатно ќе има 15 министри, од кои 10 ќе и припаднат на неговата партија, а остантите пет ќе ги добијат помалите коалициски партнери.

Засега не е позната платфорамата на новата влада, но медиумите наведуваат дека таа ќе мора да се насочи кон финансиска стабилизација на земјата и реформа на државната администрација. Пред Словенија треба да претстои и приватизација на некои од државните претпријатија, но тој процес останува неизвесен, имајќи предвид дека Церар во предизборната кампања се залагаше против продажба на државните монополски компании.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он