Трагедија во Германија: На новогодишната ноќ 18-годишен Хрват загина од експлозија на петарда

Од:

18-годишникот кој загина на новогодишната ноќ во германскиот град Кобленц откако експлодираше импровизирана петарда е Хрват, пишува магазинот Феникс. Ова за тој портал го потврди пријател на семејството.

„Сите сме во шок. Во Кобленц и неговата околина живеат голем број Хрвати и сите сме шокирани од оваа вест. Секогаш беше жив, но многу добар млад човек, како и целото негово семејство“, вели семеен пријател.

Експлозијата се случи во неделата, околу 20 часот, во Рибенах, област на Кобленц. „Тоа се случи на само стотина метри од семејната куќа. Младите импровизирале петарди, најверојатно непрофесионално ги правеле. Една така направена петарда експлодирала“, изјавил пријател на семејството на младиот човек.

И покрај реанимацијата, младиот човек починал во болница како последица од експлозијата, пренесува Spiegel.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Русија: Голем број мртви и ранети во експлозија на бензинска пумпа

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

(ВИДЕО) Голема експлозија: 19 мртви

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Најмалку четири лица загинаа во експлозија на гас во зграда во Русија

(ВИДЕО) Во паркот Јелоустоун се случи хидротермална експлозија, нема повредени