Трагедија што го зави Сараево во црно: Почина и втората докторка која ја удри пијан возач на пешачки премин

Од:

Дваесет и шестгодишната Алма Суљиќ, втората девојка која Армин Берберовиќ ја удри со автомобил на 26 мај кај Маријин Двор во Сараево почина синоќа во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

„Со голема тага, раководството и вработените во „Здравствен дом“ Зеница упатуваат последни поздрави до нашата д-р Алма Суљиќ и нашето искрено сочувство до нејзиното семејство. Д-р Алма Суљиќ работеше во Службата за детска здравствена заштита и нејзиното предвремено и трагично заминување е голема загуба за Здравствениот дом Зеница и за нашите пациенти“, се вели во соопштението на Здравствениот дом Зеница.

Берберовиќ со своето возило удри три лица на пешачки премин. Азра Спахиќ почина на местото на несреќата.

Берберовиќ е уапсен ден по несреќата. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол, побрзо од дозволеното и без положен возачки испит.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Во куќата на првиот човек на општина Стар Град во Сараево е фрлена бомба

(ВИДЕО) Драма во Сараево: Пукање среде град, рането девојка

Жена потпомогната од полицаец си го ограбила сопругот, му украле 40.000 евра

Горан Наумовски

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он