(ВИДЕО) Драма во Сараево: Пукање среде град, рането девојка

Од:

Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска во престрелка во центарот на Сараево, а мажот кој отворил оган е уапсен, соопшти полицијата.

Портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ изјави дека пукањето во Башчаршија се случило во 16 часот и 30 минути.

„Пукањето се случило на раскрсницата на улиците Телали и Сафвет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град. Во таа прилика е рането женско лице (2001 г.), кое се здобило со повреди на десната потколеница и е пренесено на Клинички Центарот на Универзитетот во Сараево, каде и е укажана лекарска помош“, изјави Мерсиха Новалиќ.

Таа рече дека веднаш по пукањето полицијата уапсила маж на возраст од 30 години.

За пукањето е известен обвинителот на Кантоналното обвинителство на КС, а истрагата за престрелката е во тек.

Би можело да ве интересира

Шест безживотни тела на виетнамски државјани се пронајдени во хотел во Бангкок

(ВИДЕО) Пукано е во Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија

A1on

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

Жена од Сараево е пронајдена мртва во стан, осомничени се сопругот, свекрвата и уште еден маж

Горан Наумовски

Детали за ужасот во Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата па се самоубил

Изгоре куќа во Сараево, внатре пронајдени три тела

Катерина Ѓуровски