Тадиќ: Додик никогаш не побарал поддршка за отцепување на Република Српска

Од:

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека за неговата земја би било незамисливо да поддржува политика која би водела до поделба на Босна и Херцеговина.

Тој дополни дека во времето додека тој бил претседател, Милорад Додик од него никогаш не побарал поддршка за отцепување на Република Српска, пренесува Хина.

– Мислам дека која било политика на Србија која би одела во правец на поделба на БиХ би била многу контрапродуктивна, пред сè, кога се во прашање самите интереси на Република Српска. Од друга страна, немам сознанија дека Додик доаѓал со такви барања. Како претседател на Србија силно се залагав за одржување на интегритетот на БиХ – вели Тадиќ во интервју за „Дневни аваз“.

Тадиќ истакна дека му е многу тешко да поверува во тврдењето, кое се појави неодамна дека наводно Додик, после руската анексија на Крим, од српскиот премиер Александар Вучиќ побарал поддршка за отцепување на РС од БиХ.

Тадиќ истакна дека апсолутно не гледа можност кој и да е функционер од Србија да поттикне каква и да е поделба на БиХ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија