Тачи: Косовско-црногорските односи остануваат пријателски

Од:

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Софија оствари средба со својот црногорски колега,Филип Вујановиќ.

Двајцата учествуваат на средбата на лидерите на западен Балкан во рамки на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“,чиј домаќин е Светска банка, јавија косовски медиуми.

По средбата Тачи оценува дека односите меѓу двете земји остануваат „пријателски и цврсти“.

– На маргините на форумот во Софија имав срдечен разговор со претседателот на Црна Гора,Филип Вујановќ.Односите меѓу нашите две земји остануваат пријателски и цврсти,-напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов