Тачи и Дачиќ ќе се сретнат уште два пати

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ ќе се сретнат уште два пати во јуни, пишува приштинскиот весник „Трибина“.

Весникот наведува дека тие уште еднаш ќе разговараат во Брисел, со високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, за надминување на застојот во осварување на планот за спроведување на договорот.

-Бидејќи на двата состаноци на техничко ниво не се пронајде решение за почеток на спроведување на договор, се очекува премиерите со посредство на Ештон, да пронајдат заеднички јазик -тврди анонимен извор близок до кабинетот на косовскиот премиер.

Средбата би требало да се одржи непосредно пред состанокот на Европскиот совет, на кој би можело да се донесе одлука за датум за почеток на преговорите помеѓу ЕУ и Србија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски