Тачи: Белград може да „грака“ колку сака, Косово во Истанбул беше испочитувано

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи ги демантира наводите на неговиот српски колега Александар Вучиќ дека на вчерашното отворање на новиот аеродром во Истанбул, домаќините го отстраниле знамето на Косово за време на свечената церемонија.

Тачи попладнево во објава на Фејсбук порача дека „Белград може да грака колку сака“, но вистината е дека Турција ја испочитува косовската држава.

– Во Истанбул во Турција беа испочитувани државата Косово и државата Албанија. Горд сум со почитта што им беше оддадена на нашите држави. Белград нека продолжи да грака колку сака, напиша Тачи.

Вучиќ изјави дека на церемонијата на инаугурацијата на новиот аеродром во Истанбул, на која, освен него и Тачи, присуствуваа претседатели, премиери и други високи претстравници од голем број држави од светот, домаќините го отстраниле знамето на Косово пред почетокот на церемонијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ