Српските официјални претставници ќе можат да го посетуваат Косово за време на кампањата за локалните избори

Од:

Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, со посредство на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон постигнаа синоќа спогодба, со која им се дозволува на српските официјални претставници слободно да ја посетуваат косовската територија за време на кампањата за претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 3 ноември.

– Тоа беше една од најуспешните рунди од преговорите, изјави синоќа Дачиќ, по преговорите, кои се одржаa во Брисел.

Тачи нагласи дека пристапот на територијата на Косово ќе им биде дозволен на сите српски официјални лица во услови на почитување на сите официјални процедури и поднесување на соодветно барање до властите.

На средбата беше постигнат и договор за учеството на набљудувачите од Србија во работата на косовската Изборна комисија.

Освен тоа, беше одлучено, во избирачките списоци да се додадат 12 илјади косовски Срби од четири општини во северниот дел на Косово. Итната средба меѓу премиерите на Србија и на Косово беше организирана на иницијатива на Ештон.

Причината за вонредната 17. рунда преговори беше кризата, која настана по одлуката на Приштина да забрани посета на српски официјални лица на територијата на Косово до крајот на предизборната кампања.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ