Српските матуранти со слаби резултати на пробната матура

Од:

Резултатите од пробната матура во училиштата ширум Србија покажаа катастрофална писменост на учениците. Матурантите по предметот српски јазик во просек освоиле по 10 бодови.

Родителите се жалат дека наставниците не се трудат доволно нивните деца да го совладаат предвидениот материјал, и притоа обвинуваат дека наставниците држат приватни часови на деца во други школи, со што заработуваат пари.

Просветните работници, пак, како аргумент ја посочуваат несериозноста на учениците при учењето, што само по себе довело до поразителни резултати.

– Го плативне данокот на поранешните „тра-ла-ла“ тестови. Знаевме дека ова ќе биде проблем зошто децата се се’ повеќе неписмени. Мал број ученици оствари добар резултат, останатите се опуштија и затоа сега сме сите затечени од ситуацијата. Ние инсистиравме да се стави поголем акцент на правописот и употребата на кирилицата, што е неопходно. Матурата сега е 50% од тоа што треба да изгледа – објаснува наставничката Оливера Крупеж, членка на Унијата на синдикати на просветни работници.

Професорите во Универзитетите во Србија со години наназад предупредуваат дека на факултет се запишуваат се’ повеќе неписмени генерации.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија