Српскиот тајкун Мишковиќ заработи пет години затвор

Од:

Специјалниот суд во Белград денеска го осуди сопственикот на конгломератот „Делта Холдинг“, Мирослав Мишковиќ на пет години затвор и парична казна од осум милиони динари (64.800 евра), јави Танјуг.

Српскиот тајкун ја заработи оваа казна под обвинение дека му помогнал на неговиот син Марко да затаи данок од околу три милиони евра. 

Судот во исто време го ослободи Мишковиќ од обвинението дека оштетил неколку транспортни фирми со тоа што извлекувал пари од нив преку финансиски малверзации.

Судијата во процесот против Мишковиќ, Маја Илиќ соопшти дека Судскиот совет ја донел ваквата пресуда едногласно.

Од своја страна, адвокатите на Мишковиќ по изрекувањето на казната најавија дека ќе поднесат жалба на пресудата до Апелацискиот суд во Белград.

Самиот Мишковиќ не присуствуваше на денешното изрекување на казната, бидејќи согласно законот не е обврзан на тоа.

Пресудата на сопственикот на „Делта Холдинг“ следи откако во февруари годинава, неговиот син Марко беше казнет со 3,5 години затвор и парична казна од осум милиони динари, поради затајување данок. Покрај ова, неговата компанија „Мераинвест“ е задолжена да го плати затаениот данок во висина од околу три милиони евра. 

Мирослав и Марко Мишковиќ беа уапсени лани во декември и по неколку месеци минати во притвор, беа пуштени да се бранат од слобода, откако платија кауција од неколку милиони евра и им беа одземени патните исправи.

Мирослав Мишковиќ е вториот најбогат човек во Србија со вкупен имот од 507,3 милиони евра. Инаку, најбогат Србин е сопственикот на „МК Груп“ со вкупен имот од 520 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија