Србите стравуваат од „цунами“ на зголемени цени во јануари

Од:

Идниот месец ќе биде предолг за граѓаните на Србија, кои истрошени за време на празниците, ќе се соочат со нов раст на цените, јави Б92.

Според телевизијата, повеќето прозиводители најавуваат поскапување на нивните производи во јануари, а некои ги зголемиле цените уште пред празниците. Така, деновиве во Србија поскапеа млекото и млечните производи, а се очкува раст и на цените на средствата за чистење, козметиката, кафето, овошјето и зеленчукот.

Најавено е и псокапување на алкохолните пијалаци за десет отсто, како и на кондиторските производи за 17 до 24 проценти. По повиска цена и тоа за пет отсто ќе се продаваат и зачините, а еспресо-кафето ќе поскапи за 20 проценти.

Б92 наведува дека од почетокот на годината драстично поскапеле голем број прехранбени производи и услуги во Србија и тоа портокалите за 80 отсто, зелката за 70, лимоните за 50 отсто, а задолжителното патничко осигурување при регистрација на возилата и телефонската претплата за речиси 30 проценти.

Растот на цените производителите и продавачите го правдаат со падот на вредноста на српскиот динар во однос на странските валути.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија