Србинка си го продава сопругот поради финансиската ситуација

Од:

Една жена од Сомбор на локален сајт за аукција објави шеговит оглас, во кој го продава својот сопруг.

Мажот стар 33 години очигледно е мошне популарен „производ“, а понудениот износ моментно се движи околу девет илјади динари (околу 78 евра).

– Љубов те сакам најмногу на светот, па и нека ми го укинат налогот, ете тоа нека го знае целиот свет, напишала жената во текстот на огласот.

Таа својот сопруг го опишала како „зачуван, убав и згоден, без мани и оштетувања“. Напишала дека не пие и не пуши, дека поправа апарати за домаќинство, но дека не е вешт во сечење дрва.

Жената за понудениот маж навела дека има седум денa гаранција и оти купувачот, доколку не е задоволен може да го врати во тој рок.

Аукцијата трае шест дена, а според зборовите на „продавачката“, нејзиниот сопруг знае за оваа шега и нема ништо против.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија