Србија: Заложничка драма во Лозница

Од:

Според неофицијални информации вработен во МВР на Белград, синоќа околу осум часот со огнено оружје пукал во својата сопруга, во семејната куќа во близина на Лозница, а потоа нивните деца и родителите на сопругата ги зел како заложници.

Како што пренесуваат медиумите станува збор за припадник на белградската полиција од Одделот за обезбедување и дежурства.

Тој наводно, од службен пиштол пукал во жената за која што се претпоставува дека е во животна опасност.

На местото на настанот се наоѓа и преговарачкиот тим на Министарството за внатрешни работи, кој што преговара со напаѓачот, но се уште нема детали за исходот од семејната драмата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија