Србија за уапсените косовски полицајци: Беа вооружени до заби, со автоматски пушки и муниција

Од:

Жељко Бркиќ, државен секретар во српското МВР, изјави дека денеска во 12 часот и 38 минути, во реонот на А.П, припадниците на Специјалната единица на српската полиција уапсиле тројца вооружени специјалци на Косово.

„Сите тројца уапсени беа во полна воена опрема, вооружени со три автоматски пушки, муниција, ГПС уреди, мапи и друга опрема. Тројца припадници на косовската полиција со иницијали Р.З., Б.С. и М.С., со службено возило Дачија Дастер, дојде на алтернативен премин“, ги објасни деталите Бркиќ.

Како што додаде, местото на апсењето се наоѓа во селото Гњилица, во општина Рашка, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на централна Србија.

Нагласувам дека Република Србија е сериозна држава и дека припадниците на Министерството за внатрешни работи во ниту еден момент не преминале, не биле блиску до административната линија и затоа не ја прекршиле резолуцијата 1244“, рече Бркиќ.

Тој рече и дека полицијата во соработка со надлежното обвинителство ќе продолжи со понатамошната работа.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски