Србија смета дека е подготвена за почеток на преговори за членство во ЕУ

Од:

Србија е подготвена ведбаш да започне преговори за челнство во ЕУ и е искрено посветена на норамизација на односите со Приштина и на соработката со државите во балканскиот регион, изјави српскиот вице-премиер задолжена за евроитеграции Сузана Грубјешиќ.

– Местото на Србија е во Европа. Србија историски, географски, културно и економски и припаѓа на Европа и само треба таа припадност да стане политичка и институционална. Ние немаме време за чекање, бидејќи во изминатите децении изгубивме и пропуштивме многу, изјави синоќа Грубјешиќ пред заминувањето за Брисел, каде денеска ќе учествува на конференцијата „Западен Балкан: Иднината во Европа“.

Грубјашиќ нагласи дека Србија се надева дека во јуни ќе добие датум за старт на преговорите за членство во ЕУ, со што би преминала во следната фаза на европските интеграции.

Теми на денешната конференција во Брисел, на која ќе учествува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, ќе бидат стратегиите за проширување на ЕУ и развојот на регионалната соработка како клучен фактор за поврзување на земјите од Југоситочна Европа.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on