Србија: Родители бараат министерот за образование да им врати по 500 евра

Од:

Родителите во Србија се огорчени од одлуката на Министерството за образование да ги поништи тестовите за мала матура на средношколците, откако прашањата се појавија во јавноста. Родителите се жалат дека платиле речиси 500-тини евра за подготовка на нивните деца.

– Што сега да му кажам на синот? Учеше од септември секој ден, но поради неспособноста на државата да организира мала матура, целокупната негова работа паѓа во вода. Бараме министерот да ни ги врати дадените пари, со претрпениот стрес и искинати живци некако ќе преживееме – реагира една мајка на еден основец.

Министерот за образование и наука на Србија, Жарко Обрадовиќ се оградува од одговорноста што му ја препишува јавноста за украдените тестови.

По одлуката на Републичката изборна комисија, за упис во средна школа во Србија ќе се гледаат успехот од досегашното образование на учениците, како и нивните резултати на натпреварувањата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија