Србија: На следниот попис за првпат од 1948. мажите ќе одговорат колку деца имаат

Од:

Во последните повеќе од половина век, мажите во Србија не беа запрашани дали и колку деца имаат – само жени од 1948 година одговориле на прашањето на попишувачите колку наследници оставиле, и само тие информации биле земени во предвид.

Според најавата на Заводот за статистика на Србија, мажите ќе одговорат на тоа прашање од следниот попис.

Раководителот на Одделот за попис во Заводот за статистика на Република Србија, Љиљана Ѓорѓевиќ, за „Политика“ рече дека „во следниот попис, за првпат мажите по којзнае колку време ќе мора да одговорат на прашањето колку деца имаат“.

„На пописот во април (2019 година) прво ги прашавме мажите колку деца имаат и добивме интересен заклучок дека половина од жените на возраст меѓу 30 и 34 години во Србија веќе имаат едно дете, додека една третина од мажите на таа возраст немаат наследници. Ова е значаен податок за демографијата затоа што покажува дека мажите го одложуваат родителството за подоцнежните години од животот. Податоците покажуваат дека во моментот просечниот маж во Србија се венча во 34 година, а жената четири години порано“, рече Ѓорѓевиќ.

Најновиот попис покажа дека 45.8 проценти од белграѓаните на возраст меѓу 30 и 34 години дошле пред матичар, а според пописот, во главниот град имало 6.026 повеќе жени отколку мажи на возраст меѓу 30 и 39 години.

Резултатите од генетските студии спроведени во развиените земји од Западна Европа укажуваат на тоа дека меѓу два и 12 проценти од децата носат погрешно презиме.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он