Србија: Момчето што ја задави девојката, призна се во судот и скокна од прозор

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Дваесет и тригодишниот Александар Шундиќ кој вчера беше уапсен поради тоа што ја задави својата девојка Стела Гундељ (25), во белградската населба Медаковиќ, денес скокна од зградата на судот.

Момчето два часа даваше исказ во Палатата на правда. Ништо не негираше и беше видно потресен. Бидејќи се призна, тргна да го потпише записникот, но одеднаш истрча од судницата и покрај тоа што полицаец тргна по него, тој успеа да скокне од прозор на зградата.

Веднаш е пренесен во Ургентниот ценар каде што му дијагностицирале потешка телесна повреда.
Според српскиот „Блиц“, Шундиќ во моментов се наоѓа на реанимација и е во животна опасност. Има повеќе скршеници и потрес на мозокот, а лекарите не знаат дали ќе остане жив.

Осомниченото момче од станот во кој се случи убиството, првин го повикнало својот пријател.

-Се скаравме, мислам дека ја убив. Дојди во нејзиниот стан – му рекол на пријателот.

Пријателот веднаш дошол во станот на жртвата и пријавил злосторство, додека Шундиќ по повикот побегнал.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on