Белград упати протестна нота до Тирана поради изјавите кои имплицираат на „голема Албанија“

Од:

Министерството за надворешни работи на Србија го повика амбасадорот на Албанија во Србија, Илир Бочка, ради врачување на нота, во која е изразен остар протест по повод изјавите дадени за време на неодамнешната заедничка седница на владите на Албанија и Косово, кои имплицираат создавање на т.н. „голема Албанија“.

Според српските власти, протестната нота е во врска со изјавите од седницата одржана на 2 октомври во Тирана и првенствено се однесува на најавите за укинувањето на границата меѓу Албанија и Косово.

-Ваквите изјави, кои подразбираат обединување на Албанија и српската покраина Косово и Метохија и создавање на„ голема Албанија“, преставуваат оправдана причина за загриженост, како за Србија, така и за другите земји во регионот определени на зачувување на стабилноста и интензивирање на соработката во регионот, се наведува во нотата.

Во неа се укажува и на секојдневните напори што ги прават највисоките претставници на Србија со цел развој на билатералните политички и сите други односи со соседните земји и приближување на позициите за кои нема согласност, објави Министерството за надворешни работи на Србија.

-Во таа смисла, во нотата се изразува очекување дека највисоките претставници на Албанија во иднина ќе се воздржат од давање изјави, кои ги нарушуваат билатералните односи и можат да го дестабилизираат регионот, навеуваат од српското МНР.

Во врска со наводите од некои медиуми за врачувањето на протестна нота на албанското Министерство за надворешни работи на српските дипломатски претставници во Албанија, во соопштението се додава дека привремениот вршител на должноста амбасадор на српската амбасада во Тирана вчера бил повикан во албанското Министерство за надворешни работи заради врачување протестна нота, но дека тој одбил да ја прими заради неприфатливите ставови искажани во неа, се наведува во соопштението на српското МНР.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он