Срби во трка по Унгарски пасоши

Од:

Повеќе од 100.000 граѓани на Србија од јануари минатата година, поднеле барање за добивање унгарско државјанство и пасош, а дури 60.000 веќе се одобрени.

Во унгарската амбасада во Суботица и Белград секојдневно пристигаат нови барања, претежно од младите кои што сакаат бесплатно да се образуваат во Унгарија, пренесуваат агенциите.

Во тек е подготовка и на избирачки список, а Сојузот на Унгарци во Војводина, најави отворање на канцеларија која ќе дава помош за пополнување на формуларите за избирачкиот список, бидејќи во Унгарија идната година треба да се одржат избори.

Услов за добивање државјанство е доказ дека предците се родени на територија на тогашна Австорунгарија до 1921 година, како и средно ниво на познавање на јазикот.

Условите ги исполнуваат и оние чии што предци се родени во Бачка, во периодот од 1941 до 1945 година, кога при поделба на Југославија таа и припадна на тогашна Унгарија.

-Три месеци го учев јазикот, толку време ми беше потребно и да ги соберам останатите документи. Во Србија за нас економистите нема перспектива и се надевам дека во Унгарија, а можеби и во некоја друга европска држава ќе најдам добра работа, вели економистот Милан Радованов од Нови Сад.

Не е само вработувањето причина за барањето државјанство, туку и фактот што образованието во училиштата и факултетите е бесплатно.

-Секојдневно се јавуваат десетици заинтересирани кои се распрашуваат како може да станат државјани на Унгарија, вели шефицата на новосадската канцеларија ЦМН (Единство на унгарското малцинство), организација која се занимава со давање бесплатни правни совети во врска со државјанствата, Мелинда Ладишиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија