Советот на Европа бара Словенија да ги почитува малцинските јазици

Од:

Советот на Европа во својот најнов извештај побара од властите во Љубљана да ги признаат германскиот, хрватскиот и српскиот како „традиционални малцински јазици на Словенија“ и за нив да ја применува Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Советот на Европа, исто така, бара од Словенија целосна примена на законот за јазици на малцинствата, во делот кој се однесува на употребата на унгарскиот и на италијанскиот јазик во јавните служби, секојдневните економски и општествени активности и во кореспонденција со државната администрација.

Во извештајот натаму се бара од Словенија да го заштити ромскиот јазик, како и да воведе изучување на ромскиот јазик и култура на соодветни образовни нивоа.

Словенија треба да ги интензивира мерките за поттикнување на јавната свест за примената на малцинските јазици во образованието и во медиумите, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он