Софискиот аеродром ќе оди под концесија

Од:

Бугарската Влада донесе одлука за давање под концесија на аеродромот во Софија, соопшти денеска министерот за транспорт, информатички технологии и информации на Бугарија, Ивајло Московски.

Како што јави БТА, Московски не соопшти повеќе детали за условите за концесијата, најавувајќи дека сите информации и детали ќе бидат објавени за десетина дена во Службениот весник на ЕУ.

Тој нагласи дека Бугарија од давањето на софискиот аеродром под концесија очекува приход од околу 1,2 милијарди лева (600 милиони евра).

– Концесијата ќе биде на период од 35 години, а тендерот за пријавување ќе биде отворен до крајот на септември 2016 година. Потенцијални концесионери се сите европски, но и други оператори на аеродорми, изјави Московски.

Би можело да ве интересира

Бугарската десничарска партија не успеа да формира влада

Горан Наумовски

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он