Собранието на Србија го усвои буџетот за 2015

Од:

Пратениците на српското Собрание го усвоија утрово по 20-часовна расправа буџетот за 2015 година со кој планираа приходи од 924,4 милијарди динари, а расходи 1.082 милијарди динари, како и ребалансот на буџетот за оваа година, јави Танјуг.

Во расходите на буџетот првпат се вклучени државни гаранции, кои претходно беа „под цртата“, со кои вкупниот недостиг во буџетот ќе биде 191,4 милијарди динари, што е околу четири отсто БДП.

Буџетот за наредната година е проектиран врз основа на прогнозата дека во 2015 година падот на БДП ќе биде 0,5 отсто, а инфлацијата ќе изнесува четири отсто, со отстапување плус или минус 1,5 отсто.

Со буџетот е предвидено и задолжување од 706,6 милијарди динари за потребите на финансирање на буџетскиот дефицит, набавка на финансиски имот и отплата на главнината на кредиторите.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија