Словенија: Вкупно 111 мигранти уапсени за време на викендот

Од:

Вкупно 111 странци, кои нелегално ја преминале словенечко-хрватската граница изминатиот викенд, биле уапсени, покажуваат полициските извештаи на Новo Местo, Целје и Копер.

Словенечката полиција веќе предала 30 лица во Хрватска, додека 12 побарале азил во Словенија.

Полицијата во Ново Место од петокот уапсила 67 странци, од кои 25 од Мароко, 20 од Алжир, 11 од Бангладеш, четири од Турција, тројца од Либија и по еден од Палестинските територии, Куба, Нигерија и Иран. Сите тие допрва треба да бидат сослушани од страна на полицијата.

Во Ново место, вчера бил уапсен 37-годишен државјанин на Велика Британија, кој незаконски превезувал четворица Египќани во неговиот автомобил со словенечки регистарски таблички. Египетските државјани и се предадени на Хрватска.

Полицијата во Копер регистрирала 37 нелегални мигранти од петок до денеска наутро.До сега, 23 веќе се вратени во Хрватска, а еден ќе биде испратен денеска. Околу десетина побарале меѓународна заштита.

Странците доаѓаат од Турција. Од нив 19 се од Сирија, четворица од Ирак, двајца од Косово и од Бангладеш и по еден од Иран, Индија, Албанија и Либија.

Би можело да ве интересира

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис