Словенија веќе в сабота воведува контроли на границата со Хрватска

Од:

Словенечката влада одлучи од сабота да воведе надзор на границите со Хрватска, објави агенцијата СТА. Суспендирањето на Шенген на границите со Хрватска и Унгарија ќе трае најмалку десет дена, одлучено е на владината седница.

Како што објасни вчера министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Поклукар, станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичката закана во земјите од Европската унија. Деталите за одлуката ќе бидат објавени во текот на денов.

Италија ја извести Словенија дека првично ќе воведе гранични контроли за десет дена со можност за продолжување. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси го информирал својот словенечки колега Боштјан Поклукар дека суштината на воведувањето на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал. Двајцата министри се согласија дека западнобалканската рута, која внимателно ја следат словенечките и италијанските безбедносни служби, може да биде атрактивен коридор за потенцијална радикализација.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари