Словенија: Уставниот суд го пушти Јанша од затвор

Од:

Уставниот суд на Словенија денеска одлучи претседателот на Словенската демократска партија и поранешен премиер, Јанез Јанша, да излезе од затвор, пренесе Мета.

Како што јавуваат словенечките медиуми, Уставниот суд одлучил привремено да се одложи извршувањето на пресудата во предметот „Патриа“ до конечната одлука.

Реагирајќи на пуштањето на Јанша од затвор, премиерот Миро Церар рече дека неговата партија и тој лично ќе ги почитуваат одлуките на судот и законот.

– Доколку одлуката на Уставниот суд подоцна биде поинаква од одлуката на парламентот, ќе ја почитуваме и соодветно на тоа ќе се прилагодиме, а сега ја почитуваме донесената одлука на Уставниот суд – рече премиерот.

Јанша, кој веќе излезе од затвор, е правосилно осуден на две години затвор поради аферата за примање мито при купување оклопни транспортери од финската фирма „Патриа“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он