Словенија против „Исламската држава“

Од:

Словенија се најде на списокот на 50-тина држави кои ќе се ангажираат во борбата против терористичката организација „Исламска држава“, но тоа не значи и воен ангажман, објави словенечкото министерство за надворешни работи.

– Словенија е вклучена во меѓународните напори терористичките активности на оваа организација да запрат, но не треба да се очекува дека ќе учествуваме и во воените активности, појасни словенечкото Министерство за надворешни работи.

Словенија не може да остане рамнодушна на тоа дека ИД со своите активности претставува закана, не само за Ирак, туку и за опкружувањето и целиот свет, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он