Словенија: Новинарството – понижена струка?

Од:

Хина – Загреб

Од 2200 новинари колку што се вработени во разни редакции во Словенија една четвртина се хонорарци кои зависат од продолжувањето на краткотрајните договори или се принудени со работодавецот да склучуваат договор како самовработени преку свои компании, а платите на тие несигурни форми на работа се минимални, обично само 4,5 евра на час.

Социјалната положба на новинарите повторно е актуелизирана откако од досегашниот сопственик на Пивоварна Лашко за љубљанскиот весник Дело во кој има 150 редовно вработени новинари и многу хонорарци, за 7,3 милиони евра ја купи финансиската компанија ФМР од Идрија која ја води угледен стопанственик без искуство со работа во медиумите.

Веднаш откако е потпишан купопродажниот договор, хонорарните работници добиле електронска пошта дека за наем за службениот компјутер ќе мора да плаќаат 60 евра месечно.

Љубљанскиот весник Дневник кој е конкурент на Дело на малиот словенечки медиумски пазар, а и самиот е во мнозинска сопственост на еден финансиски конгломерат и вработува хонорарни соработници, тврди дека состојбата со сопственоста на словенечките медиуми е нетранспарентна со многу прикриени политички врски и дека хаосот поради нерегулираниот пазар и несигурните услови за работа најчесто го плаќаат новинарите, бидејќи последните години дојде до состојба која може да се опише како понижување на една некогаш угледна струка.

И другите новински и телевизиски редакции размислуваат за дополнителни рестрикции за новинари во непостојани облици на вработување. Просечната месечна плата за новинарските хонорарци е околу 750 евра, што е минимален износ, со закон загарантирана плата. Некои со договор дури се присилуваат да потпишат клаузула дека самите се одговорни за евентуални трошоци, ако поради новинарската дејност се најдат на суд.

Нешто подобра е положбата на новинарите и уредниците во поголемите и финансиски независни уредништва, но платите во новинарството се општо помали од просечните плати во јавниот сектор.

Затоа квалификуваните и добри новинари кои имаат прилика често одат во портпароли во поголемите фирми и државни институции, во политиката или претприемаштвото, а има случаи кога дел од денот се занимаваат со новинарство, а во преостанатото време со други дејности.

Се случува словенечки новинари од сериозните медиуми да пишуваат за партиски или политички финансирани весници и портали анонимно или под псевдоними, а во неколку случаи попознати новинари во своите локални средини на избори се избрани за началници во општините, но и понатаму пишувале и објавувале, што е етички спорно, наведува весникот.

На нашиот медиумски пазар се сретнуваме со состојба во која денес некој е уредник на мода, утре политички коментатор, а по некое време пишува стручни текстови од подрачјето за кулинарство, велу угледниот пензиониран новинар Јуре Апих кој 10 години бил главен уредник на Дело и член на управата.

Некои сметаат дека политичкото влијание во медиумите би се намалило ако во медиумите се дозволи поголем влез на странски капитал кој до сега во Словенија бил посилно присутен само во електронските медиуми, но се чини дека интересот за малиот словенечки медиумски пазар е се помал.

Поради падот на приходите од огласувања, така на пример се намали бројот на вработените и ја редуцираше својата информативна програма комерцијалната телевизија ПОП-ТВ, во чија позадина е американски капитал, т.е. истите сопственици кои стојат и зад хрватската Нова ТВ.

Угледниот словенечки коментатор и колумнист Марко Црнковиќ вели дека треба да се помириме со тоа што политиката во новинарството и медиумите секогаш настојува да се меша и дека самиот тој не е наклонет за влез во медиумите на финансиски холдинг кои со тоа претходно не се занимавале, но дека во Словенија вистински проблем е знаењето, т.е. дека има многу малку претприемачи кои знаат да раководат со медиумската индустрија така таа да создава профит.

Црнковиќ и самиот многу години за медиумите работел како слабо платен хонорарен соработник, но како критичар и есеист бил принуден да регистрира самостојна деловна фирма за да преживее, а повеќе пати се кандидирал и на разни места во јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он