Словенија не планира значително да го намали приливот на бегалци

Од:

Словенија не планира „значително да го намали“ приливот на бегалци во земјата, иако утрово почна да подигнува ограда од бодликава жица на некои делови од границата кон Хрватска, изјави државниот секретар во словенечкото Министерство за внатрешни работи, Боштјан Шефич.

– Овие препреки немаат цел да го спречат пристигнувањето на бегалците во Словенија или значително да го намалат нивниот број… Нивна цел е да се насочи приливот на бегалците кон влезните контролни пунктови, истакна Шефич.

Од средината на минатиот месец од Хрватска во Словенија влегле повеќе од 180.000 бегалци, а голем број се очекуваат во следните денови. Најголем дел од бегалците го продолжуваат патот од Словенија кон Австрија и Германија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он