Словенија на прво место во светот по бројот на срцеви трансплантации

Од:

Словенија, каде годишно се вршат од 100 до 150 трансплантации на органи, се наоѓа на прво место во светот по бројот на извршени срцеви трансплантации, јави Танјуг.

Според податоците на меѓународниот регистар Словенија е на прво место со 14,3 трансплантации на срце на еден милион жители.

Во Љубљана во изминатите пет години се извршени во просек 17 трансплантации на срце годишно, а само минатата година се извршени 33 успешни пресадувања на срце. Во првите пет години од трансплантацијата преживуваат 80 проценти од пациентите, што исто така е меѓу најдобрите резултати во светот, соопшти на прес конференција екипа за трансплантации на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

За пресадување на срце во Словенија се чека во просек до една година, а во итни случаи времето се скратува до 35 дена.

Трансплантации на срце во Словенија се вршат од 1990 година.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он