Словенија ќе почне да издига ограда на границата кон Хрватска

Од:

Словенија ќе почне да издигнува ограда по границата со Хрватска за да се справи со миграцискиот бран, изјави денеска премиерот Миро Церар.

Тој нагласи дека Владата донела одлука за технички мерки вклучително и ограда со бодликава жица бидејќи обидите на ЕУ да се справи со миграцискиот бран во Грција се неуспешни.

– Границата ќе остане отворена, но набљудувања. Не сакаме да ја затвориме границата. Сакаме само контролиран миграциски премин со целд а се спречи хуманитарна катастрофа, прецизира Церар.

Над 170.000 мигранти и бегалци од Блискиот исток, Азија и Африка влегоа во Словенија од средината на октомври кога Унгарија ја затвори јужната граница со Хрватска и бранот бегалци беше пренасочен кон Словенија. Околу 30.000 нови мигранти и бегалци се очекува да пристигнат во Словенија во следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он