Словенија ја призна сириската опозиција

Од:

Словенија денеска ја призна Националната коалиција на сириската опозиција како единствен легитимен претставник на сирискиот народ, соопшти Владата во Љубљана.

– Словенија одлучи да ја признае Националната коалиција на сириската револуција и опозициските сили како единствен легитимен претставник на сирискиот народ, соопшти Владата.

– Претседателот Башар ал-Асад го изгуби целиот легитимитет за продолжување на владеењето со Сирија, а Националната коалиција се покажа како доверлив и компетентен партнер во разговорите со меѓународните заедница, се наведува во соопштението.

Љубљана исто така ги поддржа напорите на меѓународниот пратеник Лахдар Брахими за прекин на судирите во Сирија.

Од почетокот на востанието против режимот на сирискиот претседател, за 21 месец загинаа 60.000 луѓе, се наведува во најновиот извештај на ОН од 2. јануари.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Израел нападна сириски град, 38 загинати